Connect with us

Обамејанг го победи коронавирусот, се враќа за дербито со Челси

Пјер-Емерик Обамејанг би можел да се врати на теренот за неделниот натпревар меѓу Арсенал и Челси во второто коло од Премиер – лигата. Обамејанг беше еден од четворицата играчи на Арсенал кои беа тестирани позитивни на коронавирус пред почетокот на новата сезона, заедно со Александре Лаказет, Вилијан и резервниот голман Алекс Рунарсон.


Што се однесува до Лаказет, клубот објави дека тој се уште се опоравува и дека нема да игра во второто коло, додека се чека проценка на подготвеноста за Вилијан, по што Микел Артета ќе донесе одлука дали ќе го вклучи во тимот.


Артета нема да го има ниту Рунарсон на списокот, додека Обамејанг се врати на тренинзите откако доби негативни теста на коронавирус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови