Connect with us

Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Јоан Виса е нов играч на Њукасл, откако пристигна од Брентфорд за 55 милиони фунти. Интересно е што трансферот бил финализиран буквално 30 секунди пред крајот на преодниот рок.

Францускиот напаѓач со потекло од ДР Конго, кој има 28 години, минатата сезона во Премиер – лигата одигра 35 натпревари, постигна 19 голови и запиша четири асистенции, со што беше втор најдобар стрелец на клубот по Брајан Мбеумо.

Во Њукасл ќе го носи дресот со број „9“, а предвидено е да биде директна замена за Александер Исак, кој за рекордни 125 милиони фунти премина во Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови