Connect with us

Новите газди во ГФК Тиквеш најавија модернизација на клубот и нови засилувања за тимот (ВИДЕО)

Пред стартот од подготовките за новата сезона, ГФК Тиквеш 1930 од Кавадарци ја одржа првата прес-конференција по правземањето на клубот од страна на германскиот инвеститор Осман Таш, кој заедно со градоначалникот Митко Јанчев и Општина Кавадарци ќе го водат клубот во иднина.


Пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, новиот газда акцент става на модернизација на тренажниот процес, професионален пристап кон фудбалерите, со максимална посветеност и влог во младите категории, за остварување на што подобри резултати во иднина, гледајќи го клубот во европските натпреварувања.


Исто така најави отварање на голем фан-шоп во центарот на Кавадарци во соработка со навивачката група Лозари-Исток.


Претседателот на клубот Миле Масларков изрази големо задоволство што повеќемесечните преговори со новиот инвеститор завршија со договор за соработка и е оптимист дека клубот во новата сезона ќе биде стабилен прволигаш.


Новиот директор на клубот, Емир Шабани, најави нови фудбалски имиња и поголем ростер на играчи како и неколку меѓународни засилувања.


ГФК Тиквеш подготовките ги започнува од 18 часот на Градскиот стадион во Кавадарци, а од 15. до 25. јули заминува на подготовки во Турција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови