Connect with us

Нов проблем за ПСЖ: Хакими го пропушта дуелот со Лил

Продолжуваат проблемите во Пари Сен Жермен. Ашраф Хакими ќе го пропушти претстојниот натпревар против Лил в недела.


Мароканскиот интернационалец беше заменет за време на мечот против Баерн кој парижаните го загубија со 0-1.


Хакими има болки во бутниот мускул и нема да му биде на располагање на Галтие за следниот натпревар. Сепак, повредата не е премногу сериозна и во клубот се надеваат дека тој ќе биде подготвен за дербито со Олимпик Марсеј на 26 февруари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови