Connect with us

Нов елитен дефанзивец на „Стемфорд бриџ“: Челси се договори со Кунде

Дефанзивецот на Севилја, Жул Кунде, е пред трансфер во англискиот премиерлигаш Челси. Лондонскиот клуб ги договорил личните услови со Кунде, а сега треба да постигне договор и со Севилја за трансферот вреден вкупно 55 милиони евра.


За Кунде се заинтересирани и Пари Сен Жермен и Барселона, но, сепак, Челси е најконкретен со оглед дека Томас Тухел треба комплетно да ја реновира одбраната за следната сезона.
Челси веќе го купи Калиду Кулибали од Наполи за 40 милиони евра.

Кунде одигра 133 натпревари за Севилја во сите натпреварувања и постигна девет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови