Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Анталија и денеска ќе ги започне подготовките за претстојните три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23. март), Финска (25. март) и Словачка (28. март).
Нашата млада селекција максимално ќе го искористи овој подготвителен период, со цел што подобро да се подготви за почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство 2024 година.
Еден од најдобрите поединци на Брегалница и стандарден член на младата репрезенетација на Македонија, Иван Николов, даде свое видување за претстојните натпревари што не очекуваат и квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2024.
„Контролните мечеви во Анталија се одлична можност за што подобро да се подготвиме за предизвикот што не очекува во септември, односно почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство. Што се однесува до самата група од квалификациите, јасно е дека во денешно време нема лесно противници, но оваа наша група на фудбалери поседува голем квалитет и заедништво, имаме големи очекувања, сакаме да оствариме нешто големо и да избориме пласман на Европско првенство. Имаме серија на потивни резултати на последните натпревари, што ни дава дополнителен мотив дека можеме да одиграме добри квалификации“, вели Николов.
Трите натпревари во Анталија ќе бидат добра подготовка за младиот национален тим.
„Првиот меч во Анталија го играме против Летонија, селекција со високи и силни фудбалери која игра доста тврд фудбал. Ние сме поквалитетна селекција од нив, но тоа ќе мора да го покажеме на терен. Се надевам дека ќе продолжиме со одличната игра и позитивната серија на резултати. Атмосферата во самиот тим е одлична, се познаваме меѓусебно многу добро, со оглед на тоа што поголемиот дел од фудбалерите бевме дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години. Убеден сум дека со голема пожртвуваност, борба и желба за надигрување можеме да оствариме добри резултати“, истакна фудбалерот од средниот ред.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski