Ќерката на Карло Анчелоти, Катја, објасни зошто нејзиниот татко не зборува со Џенаро Гатузо. Таа се присети на настанот пред 6 години, кога сегашниот селектор на бразилската репрезентација беше отпуштен од Наполи и заменет со Џенаро Гатузо, кој играше под негово водство во Милан.
Токму оваа ситуација довела до раздор меѓу нив двајцата, бидејќи Гатузо не го информирал Карло за случувањата. 47-годишниот Џенаро сега го води италијанскиот национален тим.
„Ниту разговарале, ниту се виделе од тогаш. Татко ми беше разочаран и не се преправа дека ништо не се случило. Рино не му се јавил од тогаш. Веројатно ќе се сретнат на Светското првенство следната година. Сите се надеваме дека Италија ќе стигне таму, а лично за мене финалето Бразил – Италија би било фантастично. Последниот пат кога двете селекции играа таков натпревар беше во 1994 година, во мечот за титулата во САД. Тогаш татко ми беше асистент на Ариго Саки“, изјави Катја Анчелоти за „Кориере дела Сера“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













