Хрватскиот стратег Нико Ковач ќе ја продолжи својата работа како тренер на Борусија Дортмунд и во следната сезона. Според германскиот весник „Билд“, управата на клубот е задоволна од неговото досегашно водство, особено од тоа што тимот повторно игра привлечен и офанзивен фудбал, со неколку возбудливи натпревари во последниот период.
Намерата на клупските челници е тимот да продолжи да се развива во оваа насока, а Ковач се гледа како клучна фигура во таа трансформација.
Во последниот меч од Бундес-лигата, Борусија Дортмунд славеше на домашен терен со 3-2 против Борусија Менхенгладбах. Со таа победа, „црно-жолтите“ се доближија на само два бода до шестата позиција, која обезбедува настап во европските купови следната сезона.
Нико Ковач беше ангажиран по заминувањето на Нури Шахин, кој беше отпуштен претходно во сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













