Грузискиот офанзивец Квича Кварацкелија зад себе има незаборавна сезона, со која го впиша своето име во историјата на европскиот фудбал. Во 2024/25, 23-годишниот репрезентативец на Грузија стекна статус на шампион во три различни натпреварувања со два клуба, нешто што се случува исклучително ретко во светскиот фудбал.
Кварацкелија ја започна сезоната во Наполи, каде имаше клучна улога во освојувањето на титулата во Серија А, со што клубот од Неапол ја потврди својата доминација на Апенинскиот полуостров. Во јануарскиот преоден рок, тој направи трансфер во Пари Сен Жермен, каде неговата приказна стана уште поголема.
Со ПСЖ, Кварацкелија го освои трофејот во Лига 1, Купот на Франција, како и титулата во Лигата на шампионите, со што ја комплетираше историската сезона со четири трофеи – таканаречен „квадрипл“.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се памети долго: ПСЖ го декласира Интер со 5-0 на „Алијанц Арена“ во Минхен, во натпревар кој влезе во историјата како едно од најубедливите финалиња некогаш одиграни во елитното европско натпреварување.
Со овој успех, Кварацкелија стана актуелен шампион на Италија, Франција и Европа, ставајќи го своето име покрај најуспешните фудбалери во модерната ера.
Во текот на целата сезона, грузискиот виртуоз беше симбол на креативност, дриблинг и напаѓачка инспирација, со што не само што им помогна на своите клубови до трофеи, туку и си обезбеди место меѓу најголемите имиња на европската сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













