Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е подготвен за враќање на терените, за да му помогне на својот Палермо да ја прекине серијата слаби резултати и да се врати назад во елитното италијанско фудбалско друштво. Македонскиот ас речиси два месеци беше повреден, тимот во прв момент солидно се снаоѓаше без капитенот Несторовски во своите редови, но во последните три кола сицилијанците освоија само еден бод покажувајќи голема слабост во нападот постигнувајќи само еден гол за 270 минути игра.
Сепак, македонскиот интернационалец конечно ги надмина проблемите што го мачеа, па доби зелено светло од лекарскиот тим за камбек на терените. Несторовски тренираше со остатокот од тимот во текот на денешниот ден, по што се најде на списокот на играчи на стручниот штаб за гостувањето против Перуџа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













