Саудиска Арабија добива нов фудбалски гигант во елитата – „НЕОМ Спортс клуб“ , кој следната сезона ќе настапува во елитата откако во вторникот обезбеди промоција. Како што тоа го направи Ал Кадсија оваа сезона, НЕОМ се заканува да предизвика вистински „фудбалски земјотрес“ во земјата.
Четирите главни клуба поддржани од ПИФ (Фондот за јавни инвестиции) – Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Ахли и Ал-Итихад, сега ќе имаат сериозна конкуренција во „НЕОМ“, клубот кој стои зад иновативниот мегапроект, еко-град кој се гради во провинцијата Табук, на северозападниот брег на Саудиска Арабија, спроти Египет.
НЕОМ – град на иднината, клуб на иднината
Проектот НЕОМ, со проценета вредност од 500 милијарди евра, е дел од амбициозниот план „Визија 2030“ на престолонаследникот Мохамед бин Салман. Во рамки на проектот, клубот НЕОМ, кој првично бил основан во 1965 како Фалконс клуб, беше откупен од матичната компанија НЕОМ во 2023 година.
Француско-алжирскиот фудбалер Саид Бенрахма, позајмен од Лион во јануари, е првата голема ѕвезда на проектот. Со промоцијата, клубот ќе мора да го откупи за 12 милиони евра плус 3 милиони во бонуси, но сигурно нема да биде последниот звучен трансфер.
Глобални амбиции
Главниот извршен директор на клубот, Алекс Леитао, порача дека промоцијата во елитата е „стратегиски чекор напред во траекторијата на НЕОМ“ и потврди дека клубот има големи амбиции.
„Нашата цел не е само учество, туку и вистинска конкуренција со фудбалска идентификација заснована на иновации, отпорност и напредок“.
Спортскиот директор, Киријакос Дурекас, поранешен дел од Нотингем Форест, истакнува дека НЕОМ ќе биде активен играч на трансфер пазарот и веќе е поврзан со неколку звучни имиња од Европа.
Светско првенство 2034 и револуционерен стадион
НЕОМ ќе има и клучна улога на Светското првенство 2034, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија. Стадионот во „The Line“, футуристичката линеарна метропола, ќе биде поставен на над 350 метри висина, со капацитет од 46.000 гледачи и кров што се „слива“ со градот. Се планира и огромен ЛЕД екран и транспарентен ѕид со поглед кон Црвеното Море.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













