Ливерпул го совлада Арсенал со минимални 1-0 во дербито на колото, со гол постигнат во самиот финиш, идентично како и во првите два натпревари против Борнмут и Њукасл. Со оваа победа актуелниот шампион се искачи осамен на врвот на табелата со максимални девет бода по три кола.
Најзрелата шанса во првиот дел ја имаа „црвените“ по една грешка на Давид Раја, но Ван Дајк и Гакпо премногу прекомбинираа и не успеаја да упатат удар кон голот. Дополнителен проблем за Артета беше повредата на Вилијам Салиба, кој уште во првото полувреме мораше да биде заменет со новото засилување Москера.
Вториот дел започна со шанса за Арсенал – по грешките на Шобошлаи и Ван Дајк, Мадуеке се најде во изгледна позиција, но Алисон го спаси својот тим. Во 65. минута беше поништен погодок на Екитике поради офсајд на Гакпо. Потоа следеа неколку индивидуални акции на Салах, но без вистинска закана за Раја. Во последните дваесет минути Артета ги внесе Мартин Одегард и дебитантот Еберечи Езе.

Ливерпул во завршницата сепак успеа да ја „отвори“ одбраната на Арсенал. Се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, но Доминик Шобошлаи во 83. минута изведе фантастичен слободен удар од речиси триесет метри и го совлада Раја за 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













