Connect with us

Нејмар нема намера да замине од ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар, нема намера да го напушти клубот, тврди „Л’Екип“. И покрај постојаните гласини дека парижаните ќе се обидат да го продадат на лето, бразилскиот интернационалец планира да остане во тимот до крајот на договорот во 2027 година.


Желбата на Нејмар не зависи од тоа дали Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ.

Бразилецот има 13 гола и 11 асистенции во Лига 1 од почетокот на сезоната, но заработи повреда во драматичната победа од 4-3 над Лил викендов и ќе паузира најмалку еден месец, Тој нема да се опорави за реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

„Дали ќе ја освоиме Лигата на шампионите? Можам само да гарантирам дека ќе дадеме сѐ од себе да победиме на сите натпреварувања во кои играме. Нема фудбалер кој не сака да триумфира во Лигата на шампионите. Таму се собрани најдобрите и многу е тешко да се стигне до конечниот успех, но ќе се обидеме да го направиме тоа“, изјави Нејмар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови