Connect with us

Нејмар двоен стрелец во триумфот на ПСЖ против Џонбук (ВИДЕО)

По околу шест месеци надвор од теренот, Нејмар се врати на терените на повеќе од убедлив начин. Напаѓачот на Пари Сен Жермен ги постигна првите два гола и му асистираше на Марко Асенсио за третиот во триумфот против Џонбук со 3-0 во пријателски меч во Бусан. Ова беше последен тест за Французите во претсезоната.


Поради тешка повреда и операција, бразилскиот ас немаше играно од февруари. Нејмар досега немаше минутажа ниту на летните тестови, но овојпат новиот менаџер Луис Енрике му даде шанса како стартер.

Стартер за ПСЖ беше 16-годишниот брат на Килијан Мбапе, Итан Мбапе, кој играше во средниот ред. Играше и Марко Верати, за кого ова најверојатно ќе биде последен натпревар за клубот, поради најавеното заминување во Ал-Хилал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови