Connect with us

Навивачите на Гремио го искршија ВАР – системот (ВИДЕО)

Навивачите на бразилскиот прволигаш Гремио го уништија ВАР – системот по поразот на својот клуб (1-3) против Палмеирас. Фановите упаднаа на теренот и ја уништија опремата за ВАР – технологија. Најверојатно, ги налути најстрогата казна во корист на ривалите, која судиите ја донесоа по прегледувањето на ВАР – снимката. Во финишот исто така на Гремио по прегледување на ВАР не му беше признат гол за израмнување.

Гремио се соочува со закана за испаѓање од лигата, бидејќи се наоѓа на претпоследното место на табелата. По завршувањето на мечот, фановите на Гремио ја уништија ВАР – технологијата, а немаа милост ниту за фоторепортерите кои се најдоа крај теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови