Connect with us

Наполи со триумф над Сампдорија го заокружи шампионскиот танц (ВИДЕО)

Наполи ја победи Сампдорија со 2-0 и на најдобар можен начин ја заокружи шампионската сезона во Серија А. Елиф Елмас и соиграчите беа најдобри во Италија и заслужено ја слават титулата која по цели 33 години се врати во Неапол.

Виктор Осимен од пенал го отвори резултатот во 64.минута откако сам се избори за најстрога казна, а вториот гол беше дело на Џовани Симеоне во 85.минута.

Елиф Елмас беше стартер за Наполи на овој меч и играше до 68.минута, кога на негово место во игра влезе Џакомо Распадори.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови