Connect with us

Наполи ја пронајде замената за Кулибали

Наполи е во напредна фаза на преговори со Челси за трансфер на стоперот Калиду Кулибали. Сенегалецот е пред вратите на „Стемфорд Бриџ“, а трансферот би требало да изнесува 38 милиони евра.


На претседателот на „наполитанците“ Аурелиус де Лаурентис му е јасно дека ќе мора брзо да дејствува и да најде достојна замена за Кулибали, кој мина осум години на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Поради оваа причина, Де Лаурентис веќе стапил во контакт со Лацио и се распрашал за стоперот Франческо Ачерби, пренесуваат медиумите во Италија.

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети треба да ја пополни празнината што ќе се создаде со заминувањето на Кулибали, а изборот падна на искусниот, 34-годишниот Ачерби, стандарден репрезентативец на Италија.

Ачерби е во Лацио од 2018 година и е под договор до летото 2025 година, но неговата цена не е превисока, околу 4 милиони евра, кои Наполи лесно би можел да ги плати.

Покрај Ачерби, на стадионот „Диего Армандо Марадона“ би можел да дојде и Данецот Лео Остигард. „Наполитанците“ со него почнаа преговори уште пред Кулибали да реши да си замине.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови