
На „Селтик Парк“, во завршницата од натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Селтик и Шахтјор, беше видено веројатно најголемото птомашување во историјата на ова натпреварување.
Данило Сикан можеше да биде херој на Шахтјор, но наместо тоа направи грешка која сигурно ќе го прогонува во текот на неговата кариера.
21-годишниот фудбалер се најде сам пред небранетиот гол, но направи таква грешка што воопшто не успеа да шутира иако го имаше целото време на светот.
Имено, Сикан имаше многу лош прв контакт со топката која му избега од ногата, а младиот Украинец само гледаше како топката минува покрај стативата.
Кога виде што се случи, ја стави раката на уста и со неверување погледна кон клупата и соиграчите.
How did he miss that? #Sikan #celtic #Shakhtar #UCL pic.twitter.com/3GPQeny5dL
— Cengiz İzmitli/İskoçyalı 🏴 (@thekingofscot) October 25, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
