Долгоочекуваниот трансфер конечно стана реалност! Ливерпул и официјално го претстави Александар Исак како ново засилување, откако го донесе шведскиот напаѓач од Њукасл за неверојатни 125 милиони фунти – најскапата зделка во историјата на Премиер – лигата.
Само пред неколку недели „црвените“ платија 116 милиони фунти за Флориjан Вирц од Баер Леверкузен, а сега рекордот е надминат. Дополнителни 5 милиони фунти ќе бидат распределени на поранешните клубови на Исак.
Преговорите траеја долго, но 25-годишниот напаѓач беше решен да заигра на „Енфилд“. Тој одби да учествува во подготовките и не настапи на почетокот од сезоната за Њукасл, што целосно ги влоши односите со раководството.
На крајот, трансферот се реализира и Александер Исак почнува ново поглавје во актуелниот англиски шампион.
Introducing our new number 9️⃣✨ pic.twitter.com/lm3qRsZh9d
— Liverpool FC (@LFC) September 1, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













