Connect with us

На Јувентус му ги вратија одземените 15 бода, сега е третопласиран во Серија А

На Јувентус му се вратени одземените 15 бода, по жалбата до федералниот Суд и сега тимот од Торино се искачи на третото место во Серија А со 59 бода. Сепак, оваа одлука не е конечна бидејќи допрва ќе се одржи ново судење. Не е познато дали Јувентус трајно ќе ги задржи бодовите или повторно ќе му бидат одземени. Постои и можност судењето да биде продолжено по завршувањето на оваа сезона, па евентуалната казна би важела за следната сезона.


Процесот против Јувентус беше отворен поради наводни финансиски малверзации во клубот. Самиот процес беше и причина за заминување на менаџерскиот тим на клубот.

Јувентус беше обвинет дека користел лажен капитал во финансиските книги и плаќал играчи „под маса“ за време на пандемијата на Ковид-19.

Судот ги прифати и жалбите на поранешниот потпретседател на клубот Павел Недвед и петте членови на Управниот одбор на Јувентус, но не и на поранешниот претседател Андреа Ањели и на поранешните директори Фабио Паратичи, Маурицио Аривабене и Федерико Черубино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови