Connect with us

Мурињо: Судијата ме навредуваше како никој досега во кариерата

Рома доживеа срамен пораз на гостувањето кај Кремонезе. Тимот на Жозе Мурињо загуби со 2-1 и на тој начин си ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите. „Волчицата“ моментно е на петто место, со бод помалку од градскиот ривал Лацио.


Кремонезе, пак, ја забележа првата победа сезонава, а најверојатно следната година повторно ќе игра во Серија Б.

На почетокот на вториот дел Жозе Мурињо доби црвен картон поради бурната реакција на судиска одлука, а по натпреварот Португалецот тврдеше дека бил навредуван.

„Не сум луд, ако реагирав така, тоа значи дека нешто се случило. Ќе се распрашам дали нешто може да се направи законски. За првпат во кариерата четвртиот судија ми се обрати на неприфатлив начин. Тој кажа работи кои ја предизвикаа мојата реакција. Заинтересиран сум да слушнам што има да каже Колина на сето ова“, изјави Мурињо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови