Португалскиот стратег Жозе Мурињо почна со работа во турскиот гигант Фенербахче. Тој има сериозна мисија, да ја врати шампионската титула во витрините на клубот по пауза од цела деценија, па затоа се фокусираше и кон неколку засилувања.
Мурињо посакува да го засили нападот на Фенербахче со младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати. Тој како позајмен играч настапуваше во премиерлигашот Брајтон, но сега повторно треба да се врати на „Камп Ноу“, а Мурињо лично се јавил кај Хоан Лапорта да го убеди да му го позајми за следната сезона во Истанбул.
Засега нема информации каква е желбата на фудбалерот, дали би сакал да продолжи во Премиер – лигата, да се врати и да се бори за место во тимот на Барселона или пак можеби да го засили Фенербахче.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













