Connect with us

Монца купува двајца екс-играчи на Интер

Монца успеа да влезе во Серија А, а сега им претстои летен преоден рок во кој ќе треба да го засилат тимот за елитното натпреварување. Тоа е познат терен за Силвио Берлускони и Адријан Галијани, кои во свое време жареа и палеа низ Европа кога го водеа Милан.


Според „Скај Италија“, Монца е насочена кон двајца поранешни играчи на Интер, Андреа Ранокија и Антонио Кандрева.


Ранокија го напушти Интер по 11 години, а според последните информации, договорот меѓу двете страни е блиску и Ранокија е подготвен да игра за Монца.


Од друга страна, Кандрева има договор со Сампдорија до 2024 година, па нема да биде лесно да се доведе поранешниот италијански репрезентативец. Тој е цел и на францускиот прволигаш Ница.
Во Монца секако очекуваат возбудливо фудбалско лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови