Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 0-3 од Летонија во првиот натпревар од „Анталија куп 2023“. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски направија неколку грешки во одбраната што противникот знаеше како да ги казни.
Македонија имаше поголем посед на топката, н Летонците чекаа грешки и делуваа од прпотивнапади. Пред крајот на првото полувреме, Артјомс Пузиревскис успеа да ја затресе мрежата на Македонија.
Во вториот дел, двоен стрелец за противникот беше Кристофер Рекис, во 69. и во 83.минута од дуелот.
Младата селекција на Македонија до 21 година на „Анталија куп 2023“ ќе одигра уште два натпревари, против Финска на 25. март и против Словачка на 28.март.
Македонија: Иван Николоски, Михаил Димитриевски, Андреј Стојчевски, Имран Фетаи, Виктор Крстевски, Мартин Талаков, Иван Николов, Хамза Рамани, Берат Калкан, Лука Станковски, Марио Илиевски;
Селектор: Драги Канатларовски;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













