
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20:45 часот) го игра вториот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 година. Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде селекцијата на Велс, а дуелот ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“.
Овој натпревар ќе има хуманитарен карактер, бидејќи сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
Нашите репрезентативци ќе настапат во темни дресови, а Бојан Миовски ќе игра со специјално дизајнирани копачки инспирирани од македонското сонце, како знак на почит кон сите што ги загубија животите во несреќата.
„Секој човек има своја приказна и свое животно патување. Се навратив на детството, на моментите кога ги облеков првите копачки и кажав нешто што искрено го посакував: ‘Еден ден ќе играм за мојата земја со цело срце’. Денес, по многу години, ја имам таа чест – да играм за Македонија, бисерот на Балканот. Овие копачки имаат посебно значење – на нив се моето национално знаме и иницијалите на моето семејство. Вечерва ќе ги носам во чест и сеќавање на сите што ги загубивме на 16 март 2025 година, на оние што сè уште се борат за своите животи и на нивните семејства. Нека почиваат во мир сите што нè напуштија, а моите молитви се со повредените“, објави Миовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао
