Фудбалската репрезентација на Македонија имаше огромна шанса за победа, со погодокот на Бојан Миовски во 92.минута, но Велс израмни на неколку секунди пред крајот, со голот на Дејвид Брукс.
Стрелецот Миовски, како и сите македонски репрезентативци, на крајот жалат за трите бода.
“Примивме гол во последните десет секунди, тоа може да не мотивира како селекција. Болно е и жално да се прими гол во последните десет секунди. Знаевме дека играме против репрезентација од која 90% од имињата играат во Премиер – лига, бевме трпеливи, бевме поставени одлично и си ја чекавме шансата. Се боревме, таа шанса ни дојде во вистински момент, ама кога помисливме дека се е готово, играчи како оние во Велс веднаш ќе те казнат“, изјави Бојан Миовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













