Борусија Дортмунд убедливо го совлада Унион Берлин на „Сигнал Идуна Парк“ со 3-0.
Серху Гираси во 44.минута ја затресе мрежата на гостите, а потоа сѐ беше полесно за „милионерите“. На почетокот од второто полувреме Унион се обиде да игра поофанзивно, но тоа повторно го искористи Гираси, кој по додавање на Макс Бајер зголеми на 2-0.
Конечниот резултат го постави Нмеча во 81. минута за 3-0. Со овој триумф Борусија скокна на третото место со четири освоени бода, додека Унион Берлин остана на три поени по првите две кола.
Волфсбург и Мајнц ремизираа 1-1. Домаќините поведоа во првото полувреме преку Цехтер, а израмнување донесе Амири од пенал во самиот финиш на мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













