
Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф го стартуваше новиот циклус квалификации за пласман на Светското првенство 2026 година. Од Лихтенштајн се вративме со три бода, а сега желбата е да се освојат нови три, против Велс, утревечер во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски вели дека островската селекција Велс е можеби најтешкиот противник за Маледонија откако тој е преводник на националниот тим.
„Добро ја анализиравме играта на Велс не само на мечот против Казахстан. Мислам дека сме подготвени. треба да бидеме совршени на технички, тактички план, во тркачкиот дел да бидеме совршени и треба да сме фокусирани максимално ако сакаме да се надеваме на подобар резултат. Не се чувствуваме како фаворити. Според ранкингот, нивното искуство на големи натпреварувања и клубовите во кои играат апсолутно фаворитската улога е кај нив, но во фудбалот и спортот не победуваат секогаш фаворитите кои се на хартија, вели Милевски.
Селекторот знае дека ова ќе биде емотивен меч за сите.
„И пред мечот со Лихтенштајн реков дека емоциите се тука. Самата подготовка за овие мечеви беше посебно тешка како за мене, така и за фудбалерите. По дуелот со Лихтенштајн реков дека ова против Велс е можеби најтешкиот меч што ќе го играме во групата. Ако можеме да им се оддолжиме на некој начин е сите заедно утре да дадеме поддршка на семејствата на настраданите“, додаде Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
