Фудбалската репрезентација на Македонија утре (19 часот) ќе има пријателски дуел со селекцијата на Хрватска, која се подготвува за Европското првенство. Мечот се игра на стадионот „Рујевица“ во Ријека, а селекторот Благоја Милевски смета дека тоа ќе биде одлична проверка за нашиот национален тим.
Истовремено, им порача на македонските фудбалери дека може само да уживаат во дуелите со Хрватите, кои во својот тим имаат големи фудбалски ѕвезди.
„Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













