Connect with us

Милер: Ливерпул ќе го победи Реал на пенали

Томас Милер, фудбалерот на Баерн Минхен, верува дека Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампионите во утрешното финале против Реал Мадрид на „Сент Дени“ во Париз.


„Имам впечаток дека Ливерпул е подобар, но после тоа што го направи Реал оваа сезона во Лигата на шампионите, никој не може да ги отпише. Предвидувам дека во регуларниот дел ќе биде 2-2 и дека Ливерпул ќе победи на пенали“, изјави Милер.

Ливерпул има два огромни мотиви пред утрешната пресметка. Првиот е да му се реваншира на „кралскиот клуб“ за поразот од Киев во 2018 година, а вториот да го врати „заработениот трофеј“ што го чека трета година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови