Connect with us

Милан го промовираше Шарл де Кетеларе

Белгискиот фудбалер Шaрл де Кетеларe официјално потпиша за Милан и со тоа стана најскапото засилување во ерата на Паоло Малдини и Фредерик Масара. На дресот ќе го носи бројот „90“, а со италијанскиот шампион потпиша договор до јуни 2027 година, со годишна плата од 2,2 милиони евра.


Клубот од „Сан Сиро“ цело лето се обидуваше да го доведе офанзивниот играч за врска на Бриж и сега конечно успеа да се договори со белгискиот шампион.

Милан за Де Кетеларе ќе плати 32 милиони евра, додека Клуб Бриж преку бонуси ќе може да инкасира дополнителни три милиони.

За Белгиецот интерес покажаа Лидс и Лестер, но желбата на фудбалерот од почетокот беше да се пресели на „Сан Сиро“.

Де Кетеларе минатата сезона одигра 49 натпревари за Клуб Бриж и постигна 18 гола со 10 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови