Connect with us

Меси се „мотивирал“ од изјавата на Златко Далиќ?

Аргентинскиот медиум „Кларин“ смета дека Златко Далиќ ја повторил грешката на Луј ван Гал во пресрет на вечерашниот полуфинален натпревар меѓу Хрватска и Аргентина на Светското првенство. Медумот ги цитирал комплиментите на Далиќ до Лионел Меси, но и забелешката дека аргентинскиот капитен не учествува премногу во дефанзивната игра.


„Тој не трча многу, едноставно не трча по топката. Ја чека топката со сета своја сила и енергија. Не учествува во одбраната и не смееме да дозволиме да ја прими топката бидејќи тогаш прави најголема штета со оглед на тоа дека е најдобриот играч во светот во последните 10 години“, изјави Далиќ на вчерашната прес-конференција.

Аргентинците овие изјави ги споредија со критиките кои наводно ги користел Луј ван Гал за да го вознемири Меси. На крајот од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија дојде до конфликт, па некои аргентински фудбалери имаа што да му кажат на поранешниот селектор на Холандија.

„Кларин“ тврди дека Меси и сега ќе биде максимално мотивиран по овие зборови на Златко Далиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови