Фудбалерите на ПСЖ синоќа во Минхен постигнаа историска победа над Интер (5-0), освојувајќи го првиот европски трофеј во историјата на клубот. Парижаните веќе до 20. минута имаа предност од два гола благодарение на Ашраф Хакими и Дезире Дуе, а во второто полувреме Дуе го постигна својот втор погодок, по што му се приклучија Квича Кварацкелија и Сени Мајулу.
Ова е најубедливата победа во историјата на финалата од Лигата на шампионите, а за ПСЖ тоа значи прва титула во елитното европско натпреварување, откако во 2020 година беа поразени од Баерн. Успехот добива уште поголема тежина со фактот што ПСЖ е само вториот француски клуб кој го освоил најпрестижниот европски трофеј – по Марсеј во 1993 година.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, дојде до својата втора титула во Лигата на шампионите, откако првата ја освои во 2015 година како тренер на Барселона. Со тоа стана седмиот тренер во историјата кој ја освоил ЛШ со два различни клуба, и вториот тренер кој освоил две тројни круни, по Пеп Гвардиола.
По последниот судиски свиреж и големата прослава со играчите, Луис Енрике на центарот на теренот ја смени маичката и облече онаа со посебен натпис во чест на неговата ќерка Хана, која во 2019 година почина на деветгодишна возраст од остеосарком, редок облик на рак на коските. На маичката беше истакнато логото на Фондацијата Хана, која неговото семејство ја основа во нејзина чест, а Енрике клекна на тревникот, покажа кон името „Хана“ и уште еднаш јавно изрази колку му значат нејзините спомени.
Истата вечер мешавина на среќа и тага чувствуваше и долгогодишниот помошник на Енрике, Рафел Пол (38), кој пред шест месеци ја загуби својата сопруга Ракел, по долга борба со тешка болест. Во моментите кога неговите играчи доминираа на теренот и сигурно чекореа кон шампионската титула, Пол не можеше да ги задржи солзите.
Six months ago, PSG assistant Rafel Pol lost his wife Raquel to a long-term illness.
— Football on TNT Sports (@footballontnt) May 31, 2025
Tonight he was overcome with emotion after helping PSG make history 🙏❤️ pic.twitter.com/BZZZ8LcaYm
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













