Нова смена на кормилото на Лацио. Марко Барони си поднесе оставка по само една сезона на клупата на „бјанкочелестите“, потврди спортскиот директор Анџело Фабијани за „Ил Месаџеро“.
Барони, кој минатото лето пристигна од Верона, реши сам да се повлече, а како причина се наведуваат „лични околности“. Иако не успеа да ја однесе екипата во Лигата на шампионите, Лацио беше конкурентен до последното коло.
„Одлуката е негова. Ние сме задоволни од сезоната – малку повеќе среќа дома и ќе игравме во Европа,“ изјави Фабијани.
Но, и без Барони, римскиот клуб не планира „рестарт од нула“. Напротив – проектот продолжува со фокус на младите таленти и задржување на клучните имиња.
„Нема распаѓање, само надградба. Овој тим има иднина“, порачува Фабијани.
Интересно е што Лацио веќе трета сезона по ред влегува во турбуленции со тренерите – минатата сезона на клупата се сменија тројца: Маурицио Сари, Џовани Мартушело и Игор Тудор.
Сега, медиумите во Италија шпекулираат со сензационално враќање на Маурицио Сари во Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













