Connect with us

Манев, Милан Ристовски, Атанаскоски и Билали одат во плејофот на Конференциската лига

Македонскиот репрезентативец Јован Манев и неговиот тим Адана Демирспор загубија на гостувањето против Осијек со 3-2, но, сепак, одат понатаму во КЛ со вкупен резултат 4-7. Манев на реваншот не беше во тимот, откако го одигра целиот меч во првиот дуел.

Милан Ристовски играше од 79.минута за Спартак Трнава, кој победи со 3-1 против Лех Познањ и на крајот со конечни 4-3 се пласира во плејоф рундата.

Во следната фаза оди и Партизани Тирана на Давид Атанаскоски и на Сабит Билали. На реваншот Партизани ја совлада Валмиера од Летонија со 1-0, и со вкупни 3-1 се пласираше во плеј-офот.

АЕК Ларнака на Иван Тричковски испаднаа по поразот од Макаби Тел Авив на реваншот со 1-0. Тричковски влезе во игра во последните мигови од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови