Connect with us

Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад

Роберто Манчини официјално е назначен за нов тренер на катарскиот клуб Ал-Сад. Поранешниот селектор на Италија потпиша договор на две и пол години, започнувајќи ново поглавје во својата тренерска кариера по разделбата со репрезентацијата на Саудиска Арабија во октомври 2024 година.

Манчини ја продолжува својата работа на Блискиот Исток, а во неговиот стручен штаб во Ал-Сад ќе бидат и Сезар, поранешен играч на Интер и Лацио, како и Масимо Макароне, добро познат од времето кога настапуваше за Емполи.

Според медиумите во Катар, Манчини првично го одбил повикот од Ал-Сад бидејќи очекувал понуда од клуб во Серија А, но подоцна се решил да го прифати предизвикот и да го преземе најтрофејниот клуб во историјата на катарскиот фудбал.

Ал-Сад, кој е 18-кратен шампион на Катар, се наоѓа во тежок период, тимот не успеа да победи во ниту еден од првите четири натпревари во aзиската Лига на шампиони, а во домашното првенство е само шести на табелата, иако е актуелен шампион. Најпознатото име во составот е поранешниот напаѓач на Ливерпул, Роберто Фирмино.

Главната цел на Манчини ќе биде да го стабилизира тимот и да го врати Ал-Сад на победничките патеки што клубот го направија доминантна сила во катарскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови