Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е во потрага по нов голман, бидејќи иднината на Едерсон Мораеш на „Итихад“ е неизвесна.
Бразилецот и минатото лето беше поврзуван со трансфер во Саудиска Арабија, а истото сценарио е можно и ова лето. Иако Едерсон важи за еден од најдобрите голмани во светот кога станува збор за играта со топка, сепак има подобри голмани кога се во прашање одбраните и командувањето во шеснаесетникот. Манчестер Сити сака да го продаде и истовремено да најде соодветен наследник кој дополнително ќе го засили тимот.
Изборот паднал на Диого Кошта, голманот на Порто и португалски репрезентативец. „Граѓаните“ испратиле почетна понуда од 40 милиони евра, која била одбиена од Порто. Сепак, очекувањата се дека со понуда од околу 60 милиони евра трансферот би можел да се реализира.
Кошта е дете на академијата на Порто и веќе има 249 настапи за првиот тим, како и 34 настапи за националната селекција на Португалија, иако има само 25 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













