
Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 21 година денес во хотел Парк часот го имаше собирот со кој го означи почетокот на подготовките за претстојните контролни натпревари против Ерменија и против Малта во Скопје.
Младата репрезентација на Македонија на 15. јуни, со почеток во 17 часот ќе ја одигра првата контролна средба против соодветната селекција на Ерменија. Пет дена подоцна е вториот контролен дуел, против репрезентацијата на Малта. Двата натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Еден од нашите најдобри млади фудбалери , Методи Максимов, даде свое видување и коментар за претстојните натпревари на репрезентацијата на Македонија и моменталната форма.
„Од натпревар во натпревар играме сѐ подобро, растеме и созреваме заедно како тим. Владее одлична атмосфера во репрезентацијата, се надевам дека до почетокот на квалификациите ќе бидеме во одлична форма и ќе се прикажеме во добро светло. Имаме серија на одлични резултати позади нас. Одигравме одличен турнир во Анталија, иако загубивме два пати незаслужено, особено во дуелот за освојување на првото место против Словачка, каде што бевме подобар противник во текот на сите 90. минути.
Имаме одличен тим, поседуваме голем квалитет и функционираме добро како колектив. Нормално е дека има простор за напредок, се стремиме од натпревар во натпревар да бидеме се подобри и поконкурентни. Сакаме да ги изненадиме противниците со нашата добра и борбена игра.
Треба да веруваме максимално во нас и во нашите можности. Сите како едно треба да продолжиме да се бориме и да даваме се од себе за дресот со државен грб. Сакаме да оствариме две победи против Ерменија и Малта и на одличен начин да ги заокружиме овие подготовки и серијата на контролни мечеви“, истакна Методи Максимов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
