Работнички по подолго време го почувствува вкусот на триумфот, и тоа во градското дерби против Вардар. „Романтичарите“ славеа со 2-0, а враќањето на Горан Станиќ на клупата се покажува како клучен потег во финишот на сезоната.
На претходниот меч со Воска, тимот ремизираше 1-1, а на Работнички, како што потврди и анализата на ФФМ, не му беше признат регуларен гол, веројатно за победа.
Но, старите велат, што е твое ќе си дојде, па за Горан Станиќ и за фудбалерите на Работнички дојде како награда токму на дербито со Вардар.
МАКФУДБАЛ го избра Горан Станиќ за најдобар тренер на 27.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski