Connect with us

Македонија У19 подготвена за елитните квалификации на турнирот во Скопје

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 20 до 26 март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во рамките на Елитната рунда за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи од 15 до 25 јули во Северна Ирска.

Натпреварите од Елитната рунда квалификации ќе се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски” и стадионот на Македонија ЃП.

Нашите млади фудбалери се наоѓаат во групата 7 заедно се репрезентациите на Швајцарија, Украина и на Летонија.

Во првото коло од мини квалификацискиот турнир, избраниците на селекторот Тони Јакимовски ќе се соочат со Украина на 20. март, на тренинг центарот „Петар Милошевски”.Во вториот натпревар играат Швајцарија и Летонија, на стадионот на Македонија ЃП.

На 23. март, Македонија силите ќе ги одмери со Швајцарија. Натпреварот ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Во Ѓорче, во вториот натпревар играат Украина и Летонија.

Третото коло на програмата е на 26. март. Македонија игра со Летонија (тренинг центар Петар Милошевски), a Украина со Швајцарија (стадион на Македонија ЃП).

Сите натпревари ќе бидат одиграни со почеток во 14. часот. Победникот во групата 7 од квалификацискиот турнир во Скопје, ќе биде учесник на Европското првенство 2025 година во Северна Ирска.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Тони Јакимовски за претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Љупче Џеков (Силекс)

Петар Јакимов (Беласица)

Давид Стојановиќ (Македонија ЃП)

ОДБРАНА:

Анес Мељичи (Шкендија)

Андреј Велков (Брера)

Андреј Аризанковски (Брера)

Даниел Марковски (Хелсенборг)

Ѓорѓе Џеков (Силекс)

Марко Стојилевски (Брера)

СРЕДЕН РЕД:

Валон Алији (Унион Берлин)

Зани Назифи (Беса)

Мухамед Елмас (Гостивар)

Мартин Ѓоргијевски (Брера)

Теодор Николовски (Работнички)

Лорик Каба Јакупи (Шкендија)

Лорик Мухтари (Еишеде)

Амир Нухија (Арсими)

Димитар Данев (Работнички)

Адриан Зенделовски (Сковде АИК)

НАПАД:

Хакија Цановски (Сент Гален)

Никола Величковски (Македонија ЃП)

Елитна рунда квалификации, турнир во Скопје 20 – 26 март;

Репрезентации до 19 години;

Група 7:

ШВАЈЦАРИЈА

УКРАИНА

МАКЕДОНИЈА

ЛЕТОНИЈА

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови