Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години одигра 1-1 против соодветната селекција на Црна Гора во вториот контролен дуел меѓу овие две селекции.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, Македонија имаше предност од 1-0 и беше подобар противник на теренот, но Црна Гора во 82. минута успеа да го израмни резултатот. Стрелец на погодокот за нашите млади фудбалери беше Александар Богданоски во 48. минута од натпреварот.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски и на првата средба одиграна пред два дена против истиот противник одигра нерешено, без голови.
Македонија: Љупче Џеков, Андреј Аризанкоски, Христијан Стојановски, Ѓорѓи Џеков, Александар Богданоски, Теодор Николовски, Дестан Адили, Лорик Мухтари, Малик Хамзиќ, Амир Нухија, Умерфарук Сулејман;
Селектор: Тони Јакимовски;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













