Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години вчера го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Турција.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Раде Каранфилоски во еден интересен и возбудлив натпревар загубија со минимални 2-1 од силната селекција на Турција.
Нашите млади фудбалери одлично му парираа на силниот противник. На крајот, Турција успеа да слави минимална победа.
Противникот одлично го отвори натпреварот. Рано во 7. минута Ертем Огузџан успеа да погоди за предност од 1-0. Ахмет Хакан во 49. минута ја зголеми предноста на 2:0.
Покодокот за Македонија беше дело на Бленди Ганиу во 74. минута од средбата.
Вториот контролен меч овие две репрезентации ќе го одиграат во четврот, на 31 август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













