Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје го игра вториот натпревар од квалификацискиот циклус за СП 2026. Противник е селекцијата на Велс, а нашите фудбалери ќе имаат поддршка од преполните трибини. Ќе биде тоа голем кураж за македонските фудбалери, но пред сѐ омаж за настраданите во огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 млади луѓе.

Целиот приход од овој натпревар, од распродадената Арена „Тодор Проески“, ќе биде во хуманитарен карактер, наменет за семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани. Ова е уште еден доказ дека Македонија знае да оддаде почит, да сочувствува и, како што напомена и голманот Столе Димитриевски на вчерашната прес-конференција, да покаже љубов и сплотеност кога тоа е најпотребно.
Од фудбалски агол гледано, ова ќе биде сосема поинаков испит за избраниците на Благоја Милевски. Триумфот (0-3) против Лихтенштајн во Вадуц е веќе архивиран и комплетниот фокус е ставен на вечерашната пресметка.
Од трибините ќе треба да пристигне дополнителна енергија која дефинитивно ќе им биде потребна на нашите најдобри фудбалери. Затоа што, како што вели селекторот Благоја Милевски, ова ќе биде најтешкиот меч, гледано од сите аспекти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













