Connect with us

Македонија ЃП добива нови сопственици

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров добива нови сопственици, откако досегашниот газда Имер Асан преку социјалните мрежи објави дека го продал клубот.

„Беше краток, но интензивен период. Од Втората лига, без ниту еден играч, го вративме клубот во Првата лига. Сега тимот е стабилен и силен. Мојата работа е завршена, а на крајот од денот, јас сум бизнисмен“, објави Асан.

Сѐ уште не е познато за пошироката јавност кои се новите сопственици на Македонија ЃП, но веројатно дека тоа ќе биде откриено откако ќе се завршат сите формалности.

По 10 одиграни кола, Македонија ЃП се наоѓа на седмото место со 13 освоени бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови