
Поранешниот капитен на бразилската репрезентација, Лусио, е хоспитализиран поради изгореници здобиени во домашен инцидент, пренесува „Глобо“, повикувајќи се на соопштение од болницата.
Степенот на повредите не е познат, но од болницата соопштија дека 47-годишниот поранешен фудбалер е свесен и во стабилна состојба.
„Пациентот е стабилен, свесен и под грижа на тим од специјалисти, кои му даваат соодветен медицински третман за изгорениците“, се наведува во соопштението.
Сопругата на Лусио, Марилија Форџарини, ја опиша ужасната несреќа за „Глобо“.
„Имавме инцидент со еколошки камин кој експлодираше. Лусио е хоспитализиран со изгореници на телото, но е стабилен и прогнозата е добра.“
Ex-zagueiro e pentacampeão mundial Lúcio é internado com queimaduras após sofrer acidente doméstico https://t.co/YnrpSFRyqq
— ge (@geglobo) May 17, 2025
Најверојатно станува збор за дефект во напојувањето на еколошкиот камин, кој, за разлика од традиционалните камини на дрва, користи биоетанол, пелети, гас или пропан-бутан. За среќа, поранешниот дефанзивец не е во животна опасност, но ќе остане на болничко лекување сè до целосно заздравување.
Лусио беше активен професионален фудбалер од 1998 до 2019 година. Со Бразил ја освои титулата на Светското првенство во 2002 година. Во Европа настапуваше за Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Интер и Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
