
Лука Модриќ принудно ја пропушти прес-конференцијата пред натпреварот на хрватската репрезентација против Франција во четвртфиналето од Лигата на нациите.
Првично беше предвидено капитенот на „коцкестите“ да застане зад микрофонот и да одговара на новинарските прашања, но во последен момент беше принуден да отсуствува.
Причината е што 39-годишниот фудбалер го изгубил гласот, поради што беше повлечен од настанот, а на негово место се појави голманот Доминик Ливаковиќ.
Сепак, тоа нема да го спречи бронзениот медалист од Мундијалот 2022 да настапи на мечот, а се очекува тој да го предводи тимот со капитенската лента.
Првиот четвртфинален натпревар меѓу Хрватска и Франција се игра вечерва во 20:45 часот, а реваншот во Париз е три дена подоцна, на 23 март (недела).
Последниот меѓусебен дуел на овие два тима беше во групната фаза од турнирот во 2022 година, кога Хрватите не загубија ниту еден од двата натпревари – одиграа 1-1 дома, а во реваншот покрај Ајфеловата кула славеа со 1-0.
Сличен исход во овие натпревари би бил совршен за избраниците на Златко Далиќ и би им донел пласман во полуфиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal
