
Tренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, призна дека тој и неговиот тим се бескрајно мотивирани за успех против Интер во финалето на Лигата на шампионите.
„Моја најголема мотивација е да останеме во историјата на Париз. Сакам да донесеме радост на еден град, на една земја, да бидеме првите кои го прават тоа. Се чувствувам среќен што седам пред вас. Ќе го дадеме максимумот“, изјави Енрике.
Парижаните досега само еднаш играле финале во најпрестижното европско клупско натпреварување – во 2020 година, кога загубија од Баерн Минхен. „Нероаѕурите“ пак, стигнаа до финалето пред две години, но беа поразени од Манчестер Сити.
„Ние сме тим, не можеме да играме индивидуално. Успеавме да надминеме разни проблеми кои ни се појавија. Осман Дембеле беше еден од најдобрите играчи оваа сезона, ако не и најдобар. Даваше асистенции, се бореше, постигнуваше голови, беше лидер – пример за другите“, додаде Енрике.
И двата гиганти минаа тешки противници. Пари Сен Жермен веќе еднаш оваа сезона играше на „Алијанц Арена“ во Минхен, каде ќе се игра финалето. Тогаш загубија со 0-1 од домаќинот Баерн, во натпревар од групната фаза на „турнирот на богатите“.
„Нашиот пат беше тежок од самиот почеток. Тоа може да биде предност за нас. На овој стадион веќе игравме против Баерн. Во сезоната одигравме неколку финалиња. Важно е што во ниту еден момент не покажавме страв“, рече Енрике..
„Нема да го промениме начинот на кој напаѓаме и се браниме. Но, не е исто да се игра против Интер и против Ливерпул“, заврши Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
