Раководството на Пари Сен Жермен е подготвено со предлог за нов договор до актуелниот тренер на клубот, Луис Енрике. Актуелниот договор на Шпанецот е до следното лето и токму поради оваа причина „светцит““ сакаат побрзо да го продолжат договорот.
Шпанскиот тренер дојде на „Паркот на принцовите“ минатата година, кога пристигна по заминувањето од шпанската репрезентација. Во својата прва сезона на чело на ПСЖ, Луис Енрике ја освои титулата во Лига 1 и Купот на Франција.
Челниците на парискиот гигант го сметаат шпанскиот стратег како важен дел од новиот проект на тимот, кој започна минатото лето и кој продолжува оваа година, особено по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













