Connect with us

Луис Алберто: Не сакам веќе ниту евро од Лацио, сакам да си одам

Играчот од средниот ред на Лацио, Луис Алберто, крена прашина во Рим, откако објави дека сака да го раскине договорот.


По победата на Лацио над Салернитана, тој јавно објави дека побарал прекин на соработката со клубот.

„Имав неколку тешки недели зад мене поради сѐ што се случи. Што планирам? Не знам, но знам дека ова е мојата последна сезона овде, не сакам повеќе да бидам дел од Лацио. Не сакам повеќе ниту евро од Лацио и веќе побарав да го раскинам мојот договор Сакам парите од преостанатите четири години од договорот да одат за други играчи“, изјави Алберто.

Шпанецот веќе некое време е во немилост, а немаше добри односи со Маурицио Сари кој јавно кажа дека тој и Сергеј Милинковиќ-Савиќ не можат да играат заедно во формација 4-3-3.

Сезонава одигра 39 натпревари на кои постигна четири гола и забележа осум асистенции.

Многумина имаат заборавено дека Луис Алберто дојде од Ливерпул во 2016 година, а за Лацио одигра дури 302 натпревари со 51 гол и 76 асистенции.

Алберто има понуди од Шпанија и очигледно сака да се врати во татковината.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови