
Рома и во реваншот на „Олимпико“ го победи Милан со 2-1 и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа со вкупен резултат 3:1. Џанлука Манчини во 12. минута и Пауло Дибала во 22. минута ги постигнаа головите за римскиот клуб, кој остана со фудбалер помалку од 31. минута бидејќи Зеки Челик доби директен црвен картон.
Во 72. минута се случи сцена која стана вирална на социјалните мрежи.
Дефанзивецот на Рома, Диего Љоренте, притрча до својот тренер Даниела Де Роси и гестикулираше дека го интересира колку минути има до крајот на натпреварот.
Де Роси, играчката легенда на Рома и наследник на тренерот Жозе Мурињо, тогаш збесна. Тој замавна со рацете и го избрка Љоренте назад на теренот.
Angry and funny reaction by De Rossi during Roma-Milan
byu/ForzaInter_1908 insoccer
Во 85. минута Милан намали со голот на Матео Габија, но тоа не беше доволно и избраниците на тренерот Стефан Пиоли беа елиминирани од Лигата на Европа.
Рома во полуфиналето ќе игра против европскиот хит, новиот шампион во Бундес-лигата, Баер Леверкузен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
